Како ќе ни влијае транзитот на Марс во Девица до 27август?
Повеќе внимание ќе им обратите на здравјето, но и работните обврски. Тоа ќе ви овозможи да го организирате вашето секојдневие на подобар начин и така ќе ги намалите стресот и напнатоста. За време на транзитот на Марс во Девица од 10 јули до 27 август ќе бидеме со јасни намери во поглед на она што сакаме да го постигнеме. Еве на кои аспекти треба да обратиме внимание за време на овој транзит: Внимателниот и методичен пристап кон околностите е позитивен ако носи резултати. Склоноста кон критикување може да доведе до недоразбирања на работа, но и во приватниот живот. Размислете убаво пред да кажете нешто!