Филмот „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски ја финишира извонредно успешната и плодна фестивалска година. А следната година ја почнува со официјална конкуренција за најдобар филм на фестивалот во Буенос Аирес, Аргентина. На крајот на месецов, режисерот Манчевски ќе присуствува на проекцијата во Хаг и ќе одговара на прашања на публиката, по што ќе почне и киноприкажувањето низ Холандија. Исто така, Манчевски ќе присуствува и на проекцијата во Рим. По барање на македонската амбасада, на 29 ноември „Кајмак“ ќе се прикажува во Лондон.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *