По дваесет и пет години победничката макфестовска „Магија“ од 1998 година доби нова верзија со нов, модерен поп звук. Песната е снимена по желба на Пајак, а Јован после 14 години повторно пее дека ќе му треба магија да ја освои. Единствената разлика е што Џеј Џеј сега има дозвола да си ја повози девојката, а Пајачето се уште ја нема…
За песната е направен нов аранжман и целосна продукција од страна на помалиот член на семејството Јованови Иван или Ивајо.