Ново музичко освежување на македонската  музичка сцена од страна на Јован Јованов  по 14 години Јован повторно ќе запее. На големо изненадување на фановите  се работи за дует и тоа на ремикс на мега хитот “Магија”. Само за потсетување песната “Магија” во изведба на група Магија. Оваа песна беше победник на Макфест во 1998 година и сеуше се слуша по нашите радио станици и ноќни клубови. По желба на Пајак, Јован после 14 години ќе запее повторно и тоа во дует со Пајак. Јован Јованов последнава декада живее во Канада и работи како музички продуцент и е добитник на многу значајни награди и признанија во областа на музичката индустрија во Канада. Многу негови хитови се слушаат токму и денес.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *