Џон Вик со четвртото продолжение се врати на големото платно и веќе руши рекорди. неодоливата митологија поврзана со овој лик и неговиот филмски универзум. „John Wick: Chapter 4“ заработи 73,5 милиони долари на американскиот бокс офис во првиот викенд. Филмот дебитираше на првото место и на секој од 71 пазар каде што беше објавен, заработувајќи неверојатни 137,5 милиони долари ширум светот. Во режија на Чад Стахелски, филмот од 2 часа и 49 минути е преполн со вообичаениот хаос, насилство и морбиден хумор што ја дефинира оваа акциона франшиза.