Има многу причини да се верува дека популарноста на поп-пејачката Тејлор Свифт може да се претвори во политичка моќ, бидејќи околу 18 отсто од американските гласачи, вклучително и приближно 3 од 10 млади гласачи, рекоа дека е поголема веројатноста да гласаат за кандидат што таа го поддржува. Блумберг повикувајќи се на резултатите од овонеделната анкета на Newsweek.
Според анкетата, доколку изборите во САД се одржат денеска, околу 48 отсто од Американците би гласале за Доналд Трамп, додека поддршката за Џозеф Бајден е нешто помала (42 отсто).
Младите американски гласачи веруваат дека американскиот претседател Бајден е премногу стар, тие се вознемирени поради израелската војна во Газа и фрустрирани со олеснување на студентскиот долг, но според Блумберг, Свифт би можела да му помогне на Бајден.