Eкстремниот британски маратонец Рас Кук (27) по 365 дена, денеска ја заврши својата трка низ 16 африкански земји во Тунис и со тоа стана првиот човек што го истрчал целиот африкански континент.
Со објава на Икс, тој ги извести своите следбеници дека неговата мисија е завршена и дека тој е првиот човек што ја претрчал Африка.
Кук ја започна трката минатиот април во Јужна Африка и продолжи по западниот брег на континентот, поминувајќи вкупно повеќе од 16.000 километри.
Тој трчаше низ Намибија, Ангола, Демократска Република Конго, Република Конго, Камерун, Нигерија, Бенин, Того, Гана, Брегот на Слоновата Коска, Гвинеја, Сенегал, Мавританија и Алжир, пред да пристигне вечерва во Тунис.
За време на својата авантура, Кук собрал повеќе од половина милион евра за хуманитарни цели.
The first person ever to run the entire length of Africa. Mission complete🫡 pic.twitter.com/PZk5aDCDgH
— Russ Cook (@hardestgeezer) April 7, 2024