Покрај економската и енергетската криза, граѓаните наоѓаат средства и начини за прослава на Новата година надвор од земјата. Годинава како најбарани дестинации за новогодишната ноќ се Истанбул и Дубаи, а помал е интересот за европските градови. Од градовите во регионот, најатрактивен е Белград во соседна Србија, но според агенциите, за прослава на новогодишнината ноќ во овие градови, најчесто граѓаните сами се организираат. А во новата 2023 нека има повеќе патувања и убави моменти!