Новата серија на iPhone пристигнува во септември а Apple очекува да се продава добро и покрај значителниот пад на пазарот на паметни телефони. Компанијата побарала од добавувачите да произведат најмалку 90 милиони iPhone 14 оваа година, исто колку што произведоа iPhone 13 минатата година.

Аналитичарите се убедени дека серијата iPhone 14 би можела добро да се продава, најмногу поради исчезнувањето на премиум уредите од Huawei и презаситеноста на пазарот со различни мобилни телефони со Android.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *