Екипата на AngelsFm денес беше во посета на одделението за кардиологија во Клиничка болница Штип. Во разговор со Сашо Николов- кардиолог. Информира во врска со кардиоваскуларните болести на населението, кои се последиците од истите, која е превенцијата и совети за здраво срце.

AngelsFm: Дали кардиоваскуларните болести се почести кај населението во Штип?

Д-р Николов: Од самата пандемија па наваму имаме тренд на кардиоваскуларните заболувања. Зголемен е бројот на пациенти на бај пас операции. Претпоставуваме дека тоа е поврзано со ковид инфекцијата. Може да дојде до респираторна инфекција која што ги напаѓа крвните садови, всушност мускулот на крвните садови а станува збор за напредна фаза. Па и по тоа претставуваме зошто толку многу има случаи на мозочните удари и на срцевите. И голем број на акутни заболувања.

AngelsFm: Како стресот влијае врз кардиоваскуларните заболувања?

Д-р Николов: Стресот е водечки лидер за многу заболувања. Може да направи хаос на долгорочна стаза, дали тоа ќе бидат нервнолошко, васкуларни, цревни заболувања…….. а сето тоа води до една влошена ситуација во самиот организам. Се може да влијае врз овие заболувања како и не редовното спиење, пушењето цигари, не редовна физичка активност, прекумерна храна. Целото ова доведува до стрес на организмот. Решение за стресот, се зависи од нас, да знаеме како да го контролираме стресот.

AngelsFm: Дали жените се повеќе отпорни на ваквите заболувања?

Д-р Николов: Жените додека се во редовен менструален циклус тие се заштитени на едно доста високо ниво. Но, при самиот момент кога ќе започне процесот на мено пауза или на климактериум, тогаш доаѓа до пад на естрогените хормони и може да дојде до влошување на кардиоваскуларната инциденца кај жените. Статистички земено бројот на мажи и жени е еднаков на кардиоваскуларните инциденции.

AngelsFm: Совети за здраво срце?

Д-р Николов: Конзумирање вода до 3 литри на ден. Треба да го започнеме утрото со рехидретација на организмот и во наредните 3 до 4 часа да го рехидритираме нашиот организам со отскокнување на утринското кафе. Конзумирање и јадење на свежо овошје и зеленчук во нашите оброци. Консзумирање на храна доволно за да не го оптовариме желудникот. Пауза после оброкот од 4 часа за да се свари и испразни цревниот систем. Исто така, е важна и физичката активност. И најважно кардиоваскуларни и медицински прегледи кои треба да се прават двапати до трипати во годината.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *