Уште од самото добивање на организацијата пред повеќе од една деценија, Катар го следат контроверзи од мито и корупција за да го добие домаќинството на СП 2022, па преку повеќе од 6.000 жртви на работници кои ја градеа инфраструктурата, првиот човек на светскиот фудбал Џани Инфантино на еден месец до почетокот на фудбалскиот фестивал објави дека ќе биде – најдобар на сите времиња. СП во Катар ќе стартува на 20 ноември и ќе трае до 18 декември, а е прв Мундијал кој ќе се одржи во арапскиот свет, ама и во зимски период, иако во Катар температурите ќе бидат како да е летен шампионат. Катар официјално не објави колку севкупно чини организацијата на СП, но светските медиуми дури објавија суми од 200 милијарди евра колку што Катар вложил комплетно во сè – од метро, патишта, хотели до супер модерни и климатизирани стадиони.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *