Илон Маск ја загуби титулата за најбогат човек на светот, која ја презеде Бернар Арно, претседател и извршен директор на француската модна куќа Луј Витон Моe Хенеси (LVMH).Арно (73) се најде на врвот на листата на милијардери на Форбс со нето богатство од 191,2 милијарди долари, додека Маск е на второто место со 185,1 милијарди долари.Маск, 51-годишниот извршен директор на Тесла, Спејс Икс и Твитер го држи првото место од септември 2021 година кога неговото богатство го надмина основачот и поранешен извршен директор на Амазон, Џеф Безос.Падот на вредноста на богатството на Маск, главно поврзано со акциите на Тесла, доаѓа еден ден откако цената на акцијата на Тесла падна за 6,3 отсто.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *