Во сабота, 6 јуни, чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од манастирот Хиландар за првпат ќе пристигне во Штип. Пречекот е закажан во 16:30 часот пред црквата „Св. Никола“, по што ќе следува свечена литија до црквата „Св. Димитриј“ во Ново Село.
Иконата ќе остане во Штип на поклонение, а верниците ќе имаат можност да се молат за здравје, мир и духовен спокој. Од црквата упатуваат повик за масовно присуство на свечениот пречек и молитвеното чествување.
,,Голема радост ќе се случи на 6 јуни во сабота во нашиот град Штип бидејќи ќе пристигне во попладневните часови во 16:30 иконата чудотворна Богородица Троеручица од хиландарскиот манастир. Оваа икона ќе ја донесат монасите од хиландарскиот манастир, ќе ја пречекаме овде во 16:30 пред храмот Свети Никола. Оттука ќе се формира литија и заедно со иконата и верниот народ кој го повикуваме масовно да присуство ќе ја однесеме до храмот Свети Димитриј во Ново село, каде што ќе остане на поклонение и радост на сите наши браќа и сестри на сите христијани кои со вера ќе доагаат и ќе се молат на мајката божја. Таа икона на пресвета Богородица Троеручица ќе остане постојано овде во Штип, како што е копијата од иконата на Светиот Нектариј Егински во црквата Иларион во нас. Железничка.“ Истакна отец Добрица Јанев
Протојерејот Добрица Јанев се осврна и на потеклото и значењето на иконата Троеручица, објаснувајќи ја нејзината длабока духовна симболика и предание. Според него, оваа икона со векови сведочи за чудото што се случило на Светио Јован Даманскин.
