Игор Џамбазов и Игор Атнасовски – Харе неодамна го промовираа нивниот албум „Првите триесет“.Спотот за пената „Пеј“ е прекрасна видео приказна која одлично го оцртува духот и карактерот на песната и главните актери. Следниот чекор на познатото музичко дуо е големиот концерт на 21 октомври во Македонската филхармонија каде концертно ќе го промовираат материјалот од албумот „Првите триесет“ и ќе ги изведат некои од најголемите хитови. Со овој концерт тие ќе ја одбележат нивната 30-годишна соработка, а Џамбазов ќе го прослави својот 60-ти роденден.