Светскиот вицепрвак  утре вечер ќе се судри со  Меси и Аргентина во битка за второ финале по ред на Светските првенства, но „коцкестите“ ќе играат против една голема традиција која досега никој не успеал да ја урне кога станува збор за „гаучосите“.Аргентина има две светски титули и три загубени финалиња, но тоа што е предизвик за Хрватска е да им ја прекине непобедливата серија во полуфиналните мечеви, зашто досега во четири вакви класични полуфиналиња – никогаш не загубиле.На потег е Хрватска оваа традиција на Аргентина да ја урне, која во 1978 година ја освои првата титула, но тогаш немаше ваков класичен формат на нокаут-фаза, туку финалето се изборуваше преку групи.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *