„Houdini“ е новиот сингл на Dua Lipa, кој е дел од нејзиниот трет по ред студиски албум.

Претходно оваа година, Lipa најави дека новиот албум ќе биде објавен во 2024 година со нов звук, кој според најавите, треба да ја оддалечи од disco звукот.

Новата песна, „Houdini“ е инспирирана од познатиот американски магионичар и илузионист Harry Houdini кој почина во 1926 година. Инспирација од делото на Houdini во 1982 година црпеше и британската пејачка Kate Bush на албумот „The Dreaming“.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *