Актерката Глен Клоуз во промотивно видео објавено пред доделувањето на Оскарот за 2024-та година ја спомна Македонија како дестинација за посета инспирирана од филмот “Пред дождот” на Милчо Манчевски кој се закити со номинација за најдобар странски филм во 1994-тата.

„Постои филм што се вика „Пред дождот“ и е снимен во Македонија. Очигледно е многу стар. Многу работи се случувале на таа почва. Никогаш не излезе од моите мисли“, рече Клоуз.

Во видеото, филмските уметници се интервјуирани и одговараат на прашањето кој филм ги инспирирал да посакаат да патуваат во некоја земја, а позната актерка го избра токму македонскиот култен филм и Македонија.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *