Станува збор за хитот „Anti-Hero“Тејлор Свифт. Песната која се најде на нејзиниот албум „Midnights“ освои награда и за најдобар спот, најдобра режија (спотот го режирала самата Тејлор).  На Јутјуб има вртоглави 159 милиони прегледи за 10 месеци. Песната „Anti-Hero“ стана хит веднаш штом беше објавена. Синглот доживеа комерцијален успех, соборувајќи ги глобалните и американските рекорди. Стиховите зборуваат за депресија, анксиозност, проблеми со деперсонализација и ги критикува социјалните притисоци. Инаку, на овогодишното доделување на „MTV Video Music Awards“, Тејлор беше номинирана во 11 категории и влезе во историјата како прва личност која 4 пати ја освоила наградата за видео на годината.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *