Амбасадорот на Македонија во Кралството Шпанија, Едмонд Адеми соопшти дека Светлана Мојсов, македонска хемичарка која живее и работи во САД е една од добитничките на престижната награда за 2024 година, во категоријата за научно и техничко истражување.

Таа заедно со уште четворица научници истражувањата што ги спровеле имале значаен клинички и социјален импакт, и го подобруваат квалитетот на живот за стотици милиони луѓе ширум светот, а како резултат е нивниот придонес во развивањето ефективни лекарства за справување со дијабетес како и за ублажување на асоцијативни форми на патологии.

Светлана Мојсов е првата Македонка кој ја добива оваа престижна награда.

Во изминатите години по различните категории добитници биле: Вацлав Хавел, Мерил Стрип, Мартин Скорсесе, Францис Форд Копола, Рафаел Надал, Мајкл Шумахер, Леонард Коен, Боб Дилан, и други.

28/10/2024

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *