Бугарскиот актер и режисер Јулијан Костов доби улога во третата сезона на „Белиот лотос“, на местото на српскиот актер Милош Биковиќ.

Деталите за неговиот лик сè уште не се објавени, но Deadline претходно објави дека тој ќе игра руски инструктор по јога по име Валентин, ментор кој го подобрува животот во одморалиштето White Lotus со седиште во Тајланд, пишува EW.

Костов и е најпознат на публиката по улогите во Shadow and Bone и The Toxic Avenger.

HBO го раскина договорот со Биковиќ минатата недела, откако Министерството за надворешни работи на Украина ја осуди мрежата за ангажирање на српско-рускиот актер и го обвини дека ја поддржува руската инвазија на Украина.

„Дали е во ред да се соработува со лице кое поддржува геноцид и го прекршува меѓународното право?“, напиша на мрежата Х, украинското Министерство.

Во Србија, Милош Биковиќ доби огромна поддршка, како од неговите колеги, така и од матичниот Драмски театар во Белград.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *