Објавена е листа на најбогати британски познати личности, помлади од 30 години, а на прво место е славниот музичар Хари Стајлс.Пред него на таа позиција беше Ед Ширан, но беше отстранет од листата откако надмина 30 години, .Хари го стекнал своето богатство преку својата музичка кариера и последниот, многу успешен албум, „Harry’s House“, на кој се наоѓа хитот „As It Was“ кој помина повеќе од 13  недели на врвот на британските музички топ листи. На второ место е пејачката Дуа Липа со заработка од 69,1 милиони фунти, а „виновник“ за истата е албумот „Future Nostalgia“ и светската турнеја оваа година со која заработи 35 милиони фунти за само 2 месеци.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *