Во сабота со почеток од 23:00 часот, фудбалскиот свет ќе биде вперен кон спектаклот во четвртфиналето на Светското првенство, каде силите ќе ги одмерат Англија и Норвешка. Ова е натпревар кој веќе се најавува како една од најголемите пресметки на турнирот, особено по сензационалните настапи на Норвежаните и нивниот лидер Ерлинг Халанд, кој со своите голови и доминантна игра ги воодушеви љубителите на фудбалот ширум светот.

Во пресрет на дуелот, социјалните мрежи се преплавени со најразлични најави, анализи и креативни видеа. Најголемо внимание привлече едно видео изработено со помош на вештачка интелигенција, кое ја претставува претстојната битка како вистинска историска сага.

Во него, Викинзите предводени од Ерлинг Халанд и Мартин Одегард, заедно со своите соборци, пристигнуваат со бродови и тргнуваат во напад на Британскиот остров. Наспроти нив стои англиската одбрана составена од Хари Кејн, Џуд Белингем, Џордан Пикфорд, а во видеото се појавува и легендарниот Дејвид Бекам. Особено интересен детаљ е што селекторот Томас Тухел е претставен како крал кој ја брани англиската круна.

Видеото брзо стана хит на интернет, бидејќи на впечатлив начин ја доловува атмосферата околу натпреварот – судир меѓу нордиската сила и англиската традиција, меѓу незапирливиот Халанд и искусниот Кејн, меѓу младата енергија на Белингем и креативноста на Одегард.

 

 

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *