Поради големиот метеж на копнените граници предизвикан од спроведувањето на ЕЕС системот, Грција најави воведување на модуларни пунктови на премините со кои една сообраќајна лента се претвора во две и можност за привремена суспензија на биометриската регистрација, со цел да се скрати времето на чекање на патниците.

Ова го најави заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, надлежен за областите Македонија и Тракија, Константинос Гиулекас. Тој ја спомена надградбата на Граничниот премин „Кипи“ кон Турција, која е во тек, и планот за надградба на Граничниот премин „Евзони“ кон Северна Македонија, кој, како што рече, би се реализирал по модернизацијата на овој граничен премин со цел поголема флексибилност.

„Во соработка со Министерството за заштита на граѓаните, кое е надлежно за спроведување на гранични проверки, поставуваме модуларни контролни пунктови, при што една сообраќајна лента ја прошируваме во две. Сето ова е на границата на можностите што постојат, бидејќи немаме поголема флексибилност сè додека целосно не се модернизира и граничниот премин ‘Евзони’ и додека не се создадат услови за користење на дополнителни инфраструктурни капацитети. Таа можност не постои, па затоа се обидуваме на секој начин да го скратиме времето што е потребно за контрола, со цел побрз влез во нашата земја“,рече Гулекас.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *