Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Како што посочуваат, поради летната туристичка сезона, зголемена е фреквенцијата на возила на граничниот премин Богородица во правец на излез од државата, како и на граничниот премин Табановце за влез во земјата.

И покрај засилениот сообраќај, од македонска страна на граничните премини засега нема поголеми задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да возат внимателно, да ја прилагодат брзината на условите на патот и навреме да се информираат за состојбата на патиштата и граничните премини. објави Скопје1.мк

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *