Грчките царински служби денеска штрајкуваат, поради што се очекуваат големи гужви на граничните премини Богородица, Дојран и Меџитлија
Патниците што патуваат во Грција или се враќаат од таму треба да очекуваат бавен сообраќај и подолги застои на одредени гранични премини поради штрајкот на грчките царински служби.
Туристичките организации им советуваат на возачите да ја проверат состојбата на граничните премини пред поаѓање, да испланираат дополнително време за патувањето и да бидат подготвени за евентуални чекања.Штрајкот е најавен само за денеска.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *