Граѓаните од полноќ ќе точат поевтини горива одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 3,50 ден/лит, во однос на малопродажните.
Ова значи дека ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува изнесува 90,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 2,00 ден/лит, и ќе изнесува 92,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 3,00 ден/лит и од ноќеска на полноќ ке изнесува 90,00 ден/лит.