Дванаесет годишната Душица Митрева од Штип уште еднаш го покаже големиот талент, овојпат на голем настан  во Њујорк односно на Концерт на победниците на International Youth Music competition IYMC.

Веќе докажаната и талентирана мала пијанистка имаше брилијантен настап во Њујорк, a големиот успех го сподели и нејзината менторка Марија Максимова која е нејзина голема поддршка уште од самите нејзини почетоци.

Ова не е првпат Душица да настапаува на меѓународни натпревари и да освојува високи признанија. Taa има освоено десетина први места во Македонија и Србија, втори места во Будимшешта и Брисел, и Лаурет 3 награда во Белград и Русија. Во 2019 година добива високо признание од тогашниот градоначалник на општина Штип.

Душица Митрева е родена во Штип и е седмо одделени во ОУ „Димитар Влахов“  Нејзиниот талент е препознаен уште од најрана возраст и затоа се здобива со голем број на награди и признанија. Таа остварува успеси за многу кратко време.

Во моментот Душица учи и  се подготвува за нови настапи и концерти.

 

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *