Новак Ѓоковиќ го израмни рекордот на Рожер Федерер и стигна до својата шеста АТП титула на завршните Мастерс турнири, прв за него откако последниот турнир во годината се префрли во Торино.Србинот ја круниса својата перфектна седмица во Италија со сигурна победа над амбициозниот Каспер Руд, кој иако добро парираше, сепак немаше решение за големиот шампион.

Српскиот тенисер претходно го освои завршниот турнир во 2008, 2012, 2013, 2014 и 2015 година. Ѓоковиќ ја освои 91-та титула во кариерата, а петта сезонава. Руд за првпат играше во финалето на завршниот АТП турнир.
Опсервер: Ѓоковиќ по шести пат во кариерата го освои завршниот АТП Мастерс | opserver.mk

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *