На 5 и 6 јуни Кик Бокс клубот „Гладијатор Фајт“ – Штип ќе земе учество на еден од најпрестижните меѓународни турнири во регионот – „Grand Prix Sarajevo“, кој ќе се одржи во Сараево, Босна и Херцеговина.

Под водство на тренерот Шенол Асанов, клубот ќе настапи со пет натпреварувачи кои ќе ги бранат боите на Штип и Македонија:

Антонија Тасева (-60 кг)

Петра Долдурова (-65 кг)

Јован Јанковски (-52 кг)

Леонтина Миткова (-65 кг, јуниорки)

Максим Иванов (-32 кг)

Посебно внимание привлекува најмладиот гладијатор во клубот Максим Иванов кој со голема желба и посветеност ќе го има своето меѓународно претставување на овој силен турнир.

Од клубот истакнуваат дека учеството на „Grand Prix Sarajevo“ претставува одлична можност за стекнување ново искуство, спортско докажување и афирмација на македонскиот кик-бокс на меѓународната сцена.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *