Италијанскиот тенисер Јаник Синер во стил на гладијатор од пред 2000 години реши големата победа да ја прослави во римскиот Колосеум.

Едно од најпознатите места на светот, едно од новите светски чуда кои уште постојат и најголема туристичка атракција во Вечниот Град е значаен симбол за Италија, па Синер и таму позираше со пехарот.

Ова е првпат пехарот од Отвореното првенство на Австралија да се најде во Колосеумот. Синер доби покана да се појави и на музичкиот фестивал „Сан Ремо“, но одби. Сака да одмори два дена, а потоа продолжува со тренинзи.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *