Екипата на Баерн Минхен останува перфектна во Лигата на шампионите и по пет кола. Баварците славеа над Барселона на гостински терен (0-3), па така во следната рунда од елитата, тоа е осминафиналето, патуваат како лидери. Сите дилеми во групата Ц се решени пред последнто коло. Баерн со 5/5 е лидер, а второто место му припадна на Интер  Барселона, пак, е трета и оди во Лигата на Европа, додека чешкиот првак оди дома. Со оваа победа германскиот бундеслигаш го продолжи теророт врз Барселона. Ова е шеста победа на Баерн Минхен во серија над Барселона.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *