Партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез го привлекува вниманието на многумина, како со својот изглед, така и со своите комбинации.

Таа сега ненадејно го посети португалското свето место Фатима, каде им се придружи на аџиите, но со својата екстравагантна комбинација направи скандал, поради што многумина ја осудија.

Имено, 28-годишната Џорџина на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од црква на кои позира во тесен фустан со голем шлиц, што на некои баш и не им се допадна и заклучија дека комбинацијата е непримерна.

„Не мора да носите камера додека се молите и треба да имате повеќе почит кон себе и црквата“, „Покриј се! Благодарам“, „Не влегувате во Божјата куќа со таков фустан“, „Интересно „, „Не е прикладна таква позадина во црквата“, „Ова не е ни блиску до религија, шал на косата и кратко здолниште, погрешно“, „А во црквата таа го става задникот во преден план“, се дел од критиките кои ги добила, додека други пишувале дека е убава.

Ова не е прв пат таа да биде критикувана за нејзиниот изглед. Имено, луѓето неодамна ја критикуваа за фотошоп, наведувајќи дека нема потреба да се користи оваа програма.

„Кој мисли дека вака ти изгледа задникот, тешко греши“, „Косата ти е убава, но ова не е твојот задник“, „Убава си, не ти треба фотошоп“, „Жена мачка“, и рекоа тогаш .

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *