Иако често се вели дека годините се само бројка, припадниците на Генерацијата Z имаат јасно мислење за одредени навики кај постарите генерации кои им делуваат одбивно или „кринџ“. Според нив, луѓето над 30 години често несвесно прават работи што кај помладите предизвикуваат чувство на непријатност или срам.

Во анкета со повеќе од 6.000 учесници од Генерацијата Z, биле издвоени навики што најмногу ги нервираат кај миленијалците и повозрасните. На врвот на листата се нашле изјавите од типот „Јас не користам TikTok“, што многумина ги доживуваат како непотребно истакнување на разликите меѓу генерациите.

Веднаш потоа следува користењето на Facebook, кој за младите веќе важи за „мрежа на постарите“. Меѓу најнепосакуваните навики се и постојано вклучениот телефон, јавувањето на телефон за кратки работи што можат да се кажат преку порака, како и гледањето видеа на гласно.

На листата се нашле и снимањето хоризонтални видеа, носењето очила за сонце на глава цел ден, честото користење на ChatGPT и опседнатоста со вештачка интелигенција, како и објавувањето WhatsApp статуси и препраќањето пораки од групни разговори.

Според Генерацијата Z, проблемот не се само старите дигитални навики, туку и однесувања што изгледаат нападно, прегласно или како некој премногу да се труди да биде посебен.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *