На 29 јуни, Уметничка галерија „Безистен“ во Штип ќе биде домаќин на свечен Гала оперски концерт дел од проектот „Жените во музичката уметност низ вековите – од невидливост до глас“.
Публиката ќе има можност да ужива во изведби на врвни оперски уметници кои со своето творештво и посветеност оставиле значаен белег во светот на музиката. Концертот претставува музичко патување низ различни епохи, посветено на жените кои ја обликувале и збогатиле музичката сцена, оставајќи трајно културно наследство.
Во рамки на проектот, истиот настан ќе биде одбележан и во Скопје, во Музејот на македонската борба, со цел да се истакне придонесот на жените во развојот на музичката уметност низ вековите.
Учесници:
Магдалена Алексовска- сопран
Тина Ристеска- сопран
Даница Станојоска- мецосопран
Ивона Давидовска- контрабас
Наташа Калајџиева Здравева- пијано
уметничка соработка: Милан Јанкулоски- пијано

Влезот за сите посетители е слободен

