Ќе се спаси ли Штипска Брегалница од Втора лига. Со започнувањето на пролетниот дел досега екипата на Брегалница одигра четири натпревари од кои оствaри само една победа со Тиквеш и два порази со Вардар и Работнички но и еден пораз нерешено 0:0 одигран синоќа на Градскиот стадион во Штип со екипата на Шкупи и освоен еден бод.

„Им честитам на моите фудбалери за големата борбеност и прикажаната игра, Можевме и да загубиме, но и да победиме. Шкупи е квалитгетен тим, можеби најдобар во лигата. Бодот за нас е голем. Големата борбеност на нашите фудбалери даде резултат…“- истакна Горан Здравков, шеф на Стручнот штаб на Брегалница. ( Изјава за Штипски Асови)

Во моментот на официјалната табела штипските сини се на дното односно 11 место со 21 бод, зад нив се само Македонија Ѓ.П со 18 бода додека Вардар е на 10 место со 24 бода.

Распоред за следното 23. коло во ПМФЛ:

Струга Трим Љум – Брера
Шкупи – Работнички
Шкендија – Воска Спорт
Гостивар – Вардар
Тиквеш – Брегалница
Силекс – Македонија ЃП

Натпревароте од 23. рунда на Првата македонска фудбалска лига се закажани за в недела од 14:00 часот. Во текот на денешниот или следните денови Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се очекува да го потврди распоредот за до крајот на актуелната сезона. 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *