15 години поминаа за миг кога станува збор за Наташа Михајловиќ, Јелена и Невена Буча, како и за верната публика на женското трио „Фрајле”. 15 години постоење и јубилеј кој го одбележаа со нов албум кој го носи насловот „Дневник душе”.
„Дневник душе” дојде како круна на нашата досегашна кариера и музичко искуство, а песната „Пријател” како драгоцен камен на таа круна. – кажа женското трио „Фрајле” за новата песна од албумот, на која како гостин се појавува и нашиот Влатко Лозаноски, заедно со хрватската пејачка Сања Долежал од групата „Нови Фосили” и црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ. Во песната „Пријател” пеат и младите пејачи Ади Шоше од Босна и Херцеговина и Лука Баси од Словенија.
„Да се работи со уметници како Сергеј, Ади, Лозано, Лука е универзален јазик на музиката кој како Фрајле го негуваме последните 15 години. Овој јубилеј сакаме да го споделиме со нашата верна публика, но и да одиме чекор понатаму, со нашите драги колеги. Траењето значи квалитет. Нам музиката ни даде се. И љубов и одобрување и публика, а ние се одѕиваме преку новите песни и уште подобрите настапи во текот на овие години, на турнеите кои се исполнети до последното место. Најголем комплимент кој музичарот може да го добие е љубовта од публиката”, велат девојките од „Фрајле”
.Освен одбележување на овој 15 годишен јубилеј и промоција на новиот албум, „Фрајле” ја најавија и својата регионална турнеја, а Македонија ќе биде дел од истата.
Познатото трио од Нови Сад на 14 март ќе настапат и во најдобриот локал во Македонија Angels Cafe.