„Форбс“ ja oбјавi листаta на најбогатите Американци а вкупното богатство на 10-те најбогати Американци е 1,1 трилион долари.
Едно од најголемите изненадувања годинава е тоа што основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, по осум последователни години, веќе не е на топ-10 листата. Причината е падот на акциите на „Мета платформс“, поради што фирмата загуби 74 милијарди долари. Џеф Безос веќе не е на првото место, а таму сега се наоѓа Илон Маск – сега и официјално најбогатиот човек во Америка. Следува списокот 10 најбогати луѓе во САД…
1. Илон Маск. Нето богатство: 251 милијарди долари
2. Џеф Безос. Нето богатство: 151 милијарда долари .
3. Бил Гејтс. Нето богатство: 106 милијарди долари
4. Лери Елисон. Нето богатство: 101 милијарда долари
5. Ворен Бафет. Нето богатство: 97 милијарди долари
6. Лери Пејџ. Нето вредност: 93 милијарди долари
7. Сергеј Брин. Нето богатство: 89 милијарди долари
8. Стив Балмер. Нето богатство: 83 милијарди долари
9. Мајкл Блумберг. Нето вредност: 76,8 милијарди долари
10. Џим Волтон. Нето богатство: 57,9 милијарди долари