Најновиот филм на Милчо Манчевски Кајмак  за само 10 дена го видоа над 13.000 гледачи низ цела Македонија. „Кајмак“ наскоро почнува да се прикажува и во странство. Во преговори се повеќе земји, а засега се потврдени: Грција, Данска, Хрватска, Кипар, Србија, Тајван и САД. Киноприкажувањето на „Кајмак“ стана настан на сезоната. Во многу градови со „Кајмак“ има кинопроекција првпат по многу години.

Неодамна, Кајмак имаше светската премиера и три распродадени проекции на Токискиот фестивал. Реакцијата на јапонската публика беше извонредна, а весникот „Џапан тудеј“ го нарече филмот „мрсна сатира“. „Кајмак“ беше прикажан и на Филмскиот фестивал „Златен коњ“ во Тајпеј, Тајван. По двете преполни проекции и едночасовни редици на публиката за автограм од македонскиот режисер, следеа сесии разговори со публиката.

„Кајмак е љубовна приказна за возрасни, црна комедија за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *