Филмот Кајмак денес ја има својата премиера во Македонската филхармонија, а веќе од утре има закажано проекции во 30 градови низ државата. „Кајмак“ е љубовна приказна за возрасни. Тоа е црна комедија за две семејства кои се пристоини на почетокот, а среќни на крајот. Неодамна, „Кајмак“ имаше светска премиера во Токио а веднаш потоа отпатува во Тајван, каде се прикажа на филмскиот фестивал „Златен коњ“.Филмот е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода. По сценарио и режија на Манчевски, во филмот играат Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска и други. Во Штип филмот ќе се прикажува во Домот на Младите утре на 17.11.2022 г. Со почеток од 20.00 часот.