Енрике Иглезијас се откажува од богатството на Хулио Иглесијас, вредно преку 100 милиони.

Популарниот Енрике е син и на успешниот шпански пејач Хулио Иглесијас (79), но со години не се во добри односи. „Нивниот однос никогаш не бил најдобар, не се слушнале со години, дури ни на телефон. Енрике чувствува дека ја создал својата кариера без помошта на својот татко“, пишува El Nacional.

Затоа, Енрике одлучил да го одбие наследството на кое имал право како едно од осумте деца на Хулио. Не дека му треба, со оглед на тоа дека неговото богатство се проценува на 100 милиони евра, а на неговата сопруга, поранешната тенисерка Ана Курњикова на 60 милиони.

Сепак, се проценува дека Хулио има богатство вредно 800 милиони евра, па Енрике би имал право на дури 100 милиони. Хулио Иглесијас своето богатство делумно го заработил преку многу успешната пејачка кариера, но и со инвестирање во недвижен имот во Доминиканската Република.

Тој е сопственик на вили во Мајами и Бахамите, има приватен авион вреден 45 милиони евра, бренд на вотка, винарска визба, ресторани, коле

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *