Британецот на својот официјален профил на „Тик-ток“ сподели официјален исечок од Hold Me Closer,  преработка на неговиот хит Tiny Dancer од 1971 година.

Со овој дует Бритни се враќа на сцената по седумгодишна пауза.

Песната ќе биде објавена на 26 август. Бритни не го криеше задоволството од убавата вест дека добила можност да соработува со легендарниот музичар. Таа ја сподели веста на својот инстаграм-профил.

„Благодарам на сите што ми испратија зборови за поддршка. Тоа навистина ми значи. Едвај чекам сите да ја слушнете песната на која работевме заедно”, напиша Бритни.

Минатата година списанието Rolling Stone ја вклучи песната на Елтон Tiny Dancer меѓу 500 најдобри односно се најде на 47. место.

@eltonjohn

#HoldMeCloser with @britneyspears. Coming August 26 🌹🚀 #newmusic #electronic #remix

♬ Hold Me Closer – Elton John & Britney Spears

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.