Најбогатиот човек на светот Илон Маск „намириса“ нова можност да инвестира во необични производи, па лансираше парфем наречен Burnt Hair.
Тој вели дека за само неколку часа биле продадени 10.000 шишиња, а заработката од продадените мириси изнесува еден милион долари.
„Отпочнувањето на бизнис со парфеми беше неизбежно со оглед на препознатливоста на моето име. Зошто воопшто се борев со тоа толку долго!? напишал Маск на Твитер.
With a name like mine, getting into the fragrance business was inevitable – why did I even fight it for so long!?
— Elon Musk (@elonmusk) October 11, 2022
На неговата веб-страница пишува дека едно шише парфем чини сто долари, а до заинтересираните треба да почне да се испорачува во првиот квартал на 2023 година.