Ед Ширан со нова документарна серија во продукција на „Дизни плус“.Документарецот со оригинален наслов Ed Sheeran: The Sum Of It All ќе има четири епизоди и ќе биде достапен глобално од 3 мај. Ќе содржи интервјуа со неговата сопруга Чери Сиборн, снимки од настапи и досега невидени клипови од личната архива на 32-годишната ѕвезда. Најавата за серијата открива дека го следи Ед откако ќе ја дознае веста што му го менува животот и ќе ги открие сите тешкотии и триумфи во текот на најпредизвикувачкиот период од својот живот. Секоја од четирите епизоди има посебен наслов: „Љубов“, „Загуба“, „Фокус“ и „Рамнотежа“. А Ед Ширан го слушаме нешто подоцна на нашата музичка листа

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *