По повод Меѓународниот ден на џезот, Националниот џез оркестар организира голем џез фестивал на 30-ти април во Скопје.
Фестивалот започнува во 16 часот во паркот „Ибни Пајко“ со концертот „Џез за деца“, кој ќе понуди забавна и едукативна програма за најмладите љубители на музиката. Следува богата вечерна програма: од 18 часот на сцената во МНТ ќе настапи „Брајан Марсеља трио“ од САД, носејќи го американскиот џез дух на скопската сцена.
Во паркот „Ибни Пајко“, музичката програма продолжува со настап на квартетот на Бојан Цветковиќ од Србија, бугарскиот состав „Јојо бенд“ од 20.30 часот, а вечерта ќе ја заокружи квартетот на македонскиот џез музичар Христијан Ристески.
Влезот за сите концерти е слободен. Организаторите информираат дека, доколку времето не дозволи одржување на отворено, сите настапи ќе се префрлат во салата на Македонскиот народен театар.