Познатата британска пејачка со косовско потекло Дуа Липа, на својот Инстаграм профил се пофали со добиеното албанско државјанство. Албанскиот претседател Бајрам Бегај ѝ го предаде уверението за државјанство на пејачката искажувајќи посебно задоволство. Потсетуваме дека годинава во август Дуа Липа стана почесен амбасадор на Косово.
-Ви благодарам претседателе Бегај и градоначалнику Ерион Велиај на ова признание – добив албанско државјанство! Многу сум горда, напиша пејачката во описот на постираните фотографии.