Канадскиот рапер Дрејк изгубил околу половина милион долари обложувајќи се на ММА
борби. Дрејк се обложил на победа на Бразилецот Хозе Алдо и Нигериецот Камара
Усман, но и двајцата изгубија.
Дрејк остана без 200.000 долари, а потоа вложил уште 230.000 долари на Усман, кој го
изгуби шампионскиот појас од Леон Едвардс.
Ова не е првпат Дрејк да погреши во проценките. Познат е по неговата клетва. Во март
се обложил 275.000 долари на Јорге Масвидал во борбата против Колби Ковингтон.
Кобингтон го победи противникот во овој меч.