Ќе се спаси ли големата сала на Домот на културата Ацо Шопов во Штип. Кривична пријава денеска поднесе Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов против директорот на Центарот за култура Горан Трајков,  а се со цел да се спречи уништувањето на големата сала во која е предвидено организирање на концерти кои не се соодветни  со намената на оваа инстутуција.  Притоа во организирањето на концертите е предвидено да биде отстранет инвентарот во големата сала а на местото да бидат поставени маси овозможувајќи и точење на алкохол.

Поради големата реакцијата на граѓаните Градоначалникот Јорданов денеска до Основното Јавно Обвинителство Штип поднесе кривична пријава:

„Оваа пријава ја поднесуваме до надлежните институции да проверат и да утврдат доколку има одговорност од страна на директорот на оваа институција, затоа што и покрај апелите и одговорноста која ја побаравме од Министерството за култура не добивме одговор ниту пак Министертсвото не се обиде да  го спречи овој обид на Директорот, кој грубо прекршувајќи и надминувајќи ги надлежностите создал некултура во инстутицијата во која треба да се промовира и да се штити Македонската култура.
Очекувам во најбрз можен рок оваа кривична пријава надлежните институции да ја разгледат и до колку има одговорност да ја информираат јавноста. Јас можеби немам директна надлежност да говорам  за состојбата во центарот за култура но директно сум засегнат и како граѓанин и како градоначалник. Сите нас како граѓани не засега ова дивеење во оваа инстуитуција затоа неможам а да не го искоментирам уништувањето на инвентарот ниту пак тоа да се одржуваат концерти во сала во која нема таква намена“

Јорданов се надева дека ќе допрат овие апели кои ги упатуваат граѓаните и на тој начин ќе се спречи уништувањете на големата сала- брендот на културата во Штип која е единствена од ваков тип во Општината.

Јорданов  додава дека во прашање ќе бидат доведени голем број на културни настани а истите кои се организираат не се предвидени во програмата на Министертсвото за Култура.

AngelsFM  го контактираше и надлежниот Инспекторат за култура до каде пративме допис во врска со актулените случувања во Штипскиот центар за култура. Штом ги добиеме оговорите истите ќе бидат пласирани во јавноста.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *