„Волт Дизни ko.“ најави договор што ќе ја донесе документарната серија за јужнокорејскиот поп-бенд БТС на стриминг-услугата на компанијата.
Серијата ќе дебитира в година и ќе вклучува музика и снимки од популарниот к-поп бенд од изминатите девет години.
Со наслов BTS Monuments: Beyond the Star, серијата ќе го прикаже „секојдневниот живот, мислите и плановите на членовите на бендот додека се подготвуваат за нивното второ поглавје“, се наведува во соопштението на „Дизни“.
Минатиот месец БТС соопшти дека бендот паузира додека членовите работат на соло проекти.