Франција и Аргентина ќе се судрат во недела од 16 часот во битката за златниот трофеј, на  „Лусаил Арена“ а Ернандез посочи дека имаат три дена за да се подготват за одбрана на трофејот кој го освоија по вторпат пред четири ипол години во Русија.

„Меси? Не му се плашиме! Аргентина има одличен тим, но имаме неколку дена да се подготвиме“, рече Ернандез.

Тој посочи дека иако се чувствува умор, уживаат во прекрасните моменти и на овој Мундијал. Французите во финалето во недела од 16 часот ќе играат против Аргентина, додека Мароканците во сабота од 16 часот ќе играат против Хрватска во мечот за третото место.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *