На денешен ден, пред 63 години, британската телевизија BBC ја емитува првата епизода од научнофантастичната серија „Doctor Who“, која со текот на годините ќе стане една од најпрепознатливите телевизиски франшизи во светот.
Првата епизода, насловена „An Unearthly Child“, била емитувана на 23 ноември 1963 година, а главната улога ја толкувал актерот Вилијам Хартнел, кој го претставил првиот Доктор.
Приказната го следи мистериозниот Доктор, кој патува низ времето и просторот со својот вселенски брод TARDIS, препознатлив по изгледот на стара британска полициска телефонска кабина.
Интересно е што првата епизода била емитувана само еден ден по атентатот врз американскиот претседател Џон Кенеди, па голем дел од вниманието на јавноста било насочено кон трагичните вести од САД. Првото емитување го гледале околу четири милиони луѓе.
Серијата подоцна стана вистински телевизиски феномен, со различни актери во улогата на Докторот, стотици приказни и генерации обожаватели ширум светот.
